Без струја утре низа локации низ кумановско

Сподели со своите пријатели

Повеќе локации низ кумановско утре привремено ќе останат без електрична енергија.

Loading...

Како што информираат од Центарот за управување со кризи, во период од 08:00 до 14:00 часот прекини во снабдувањето ќе има на булеварот „Трета Македонска Ударна Бригада“ и тоа Гостилница „Дома“, Сенгвичара „Џипси“, маркет Супер с’рк“, локлитет Тифани, месара до Тифани, и „Тамара Дери“.

Од 08:30 до 15:00 часот без струја ќе биде селото Доброшане, односно потегот кон селото Орашац и Шупли Камен.

Прекини ќе има и во викендиците во селата Стрновац и Драгоманце во период од 10:00 до 11:00 часот.

Во период од 08:30 до 09:30 без напојување ќе бидат корисниците од селото Проевце, дел од населбата Зелен Рид кон Доброшане, база Обзириум и село Орашац.

Никола Ивановски

Leave a Reply