Без струја повеќе локации низ кумановско

Сподели со своите пријатели

Без струја во текот на денот ќе бидат повеќе локации во централното градско подрачје, но и неколку села во околината на Куманово.

Loading...

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, во период од 09:00 до 13:00 часот прекини во снабдувањето со електрична енергија ќе има во атарот на селата Четирце, Карабичане, Табановце, Никуљане, Челопек и Алгуња.

Во периодот од 08:00-12:00ч. без електрична енергија ке бидат корисниците од улиците: „Панче Пешев“, „Пелинска“, „25 Февруари“, дел од „Доне Божинов“, дел од булеварот „Октомвриска револуција“, како и улицата „Фетка Наскова“.

Станува збор за планирани прекини од страна на ЕВН Македонија, поради интервенции во дистрибутивната мрежа.

Никола Ивановски

Leave a Reply