Без струја денеска повеќе локации низ кумановско

Сподели со своите пријатели

Низа локации во Куманово и околината денеска ќе бидат без електрична енергија во одредени периоди од денот.

Loading...

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, прекини во снабдувањето со електрична енергија во период од 08:00 до 14:00 часот ќе има на улицата „Доктор Рибар“.

Од 09:00 до 11:00 часот без струја ќе бидат корисниците на дел од булеварот „Октомвриска револуција“, односно зградите околу „Стакло пан“, како и улицата „Иво Лола Рибар“.

Прекини на улиците „Тоде Мендол“ и „Павле Станоев“ ќе има од 08:00 до 09:00 часот.

Во период од 09:00 до 14:30 часот без струја ќе бидат корисниците од селата Ропаљце, Ново Село и Умин Дол.

Станува збор за најавени прекини од ЕВН Македонија, поради интервенции во дистрибутивната мрежа.

Никола Ивановски

Leave a Reply