Берлин го забрани симболот за поддршка на руската армија – „Z“

Сподели со своите пријатели

Носењето на симболот „Z“ за поддршка на руската армија ќе биде кривично гонето во Берлин во иднина.

Loading...

Берлинската сенаторка за внатрешни работи Ајрис Спренгер за весникот „Тагешшпигел“ изјави дека ако има контекст со војната, употребата на белата буква „Z“, како што може да се види на руските воени возила, претставува поддршка за агресија.

 

Украина тврди дека Русите изгубиле 17.000 војници досега

 

Во Берлин на прозорците и вратите на некои возила можеше да се забележи симболот „Z“, поради што реагираа берлинските власти, пренесува Танјуг.

Спренџер рече дека тој што јавно ќе го употреби рускиот симбол „Z“ ќе биде кривично гонет.

Основа за забраната на симболот „З“ е став 140 од Кривичниот законик, со кој се казнува поддршката на одредени дела.

Loading...

 

 

Кремљ: Коментарите на Бајден за Путин се алармантни

 

Предвидена е казна до три години или парична казна.

Забрана за симболот „Z“ најавија и провинциите Долна Саксонија и Баварија.

Во другите провинции беше иницирана дискусија за забраната за јавна употреба на симболот „Z“.