Украина тврди дека Русите изгубиле 17.000 војници досега

Сподели со своите пријатели

Генералштабот на вооружените сили на Украина денеска соопшти дека руските загуби од почетокот на операцијата во Украина достигнале околу 17.000 луѓе.

Loading...

 

 

Кремљ: Коментарите на Бајден за Путин се алармантни

 

Украинскиот Генералштаб во објава на Фејсбук наведе дека Русија загубила 586 тенкови и 1.694 оклопни борбени возила, пренесува Укринформ.

Се наведува и дека руските сили во близина на Киев се обидуваат да ја пробијат одбраната од северозапад и исток со цел да ја преземат контролата врз клучните патишта и населени места и дека украинските војници им се спротивставуваат.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Најмалку осум загинати, 25 ранети во руски напад на Украина