Бербок: НАТО не може да прифати нови членки додека се сред војна

Сподели со своите пријатели

Вратите на НАТО остануваат отворени за нови членки, но ниту една земја не може да се приклучи на алијансата додека е среде војна, изјави денеска германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок.

Loading...

„Политиката на отворени врати на НАТО останува на сила, но во исто време е јасно дека не можеме да зборуваме за прифаќање нови членки среде војна“, им рече таа на новинарите во Осло, каде се собраа министрите за надворешни работи на НАТО. објави Ројтерс.

НАТО треба да размисли какви безбедносни гаранции може да ѝ даде на Украина, изјави шефицата на француската дипломатија Катрин Колона.

Во исто време, претседателот на Украина, Володимир Зеленски, за време на денешната посета на Молдавија изјави дека Украина е подготвена да биде во воената алијанса на НАТО и дека Киев чека блокот да биде подготвен да ја прими неговата земја, пренесува Танјуг.

Зеленски ова им го кажа на новинарите во друштво на молдавската претседателка Маја Санду по пристигнувањето на самитот на Европската политичка заедница, чиј домаќин е соседот на Украина.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.