Белорусија: Украина собира војници на границата, можна е ескалација

Сподели со своите пријатели

Белорусија објави дека значителна група украински војници е собрана во близина на нејзината граница и предупреди дека тоа претставува закана за нејзината безбедност.

Loading...

„Во овој момент значајна група на украинската армија е концентрирана во непосредна близина на белоруско-украинскиот дел на границата“, соопшти Министерството за одбрана на Телеграм.

Министерството предупредува дека веројатноста за вооружени провокации, кои можат да прераснат во инциденти на границата, е голема веќе подолго време и дека ќе преземат „соодветни мерки“.

Белоруската страна додава дека ќе се однесува воздржано.

Русите нападнаа од белоруска територија

Белорусија и дозволи на Русија да ја користи нејзината територија за да ја нападне Украина пред една година, а претседателот Александар Лукашенко минатата недела изјави дека неговата земја е подготвена повторно да го стори тоа.

Киев со месеци изразува загриженост дека Белорусија би можела да се приклучи на војната на руска страна и поради таа потенцијална закана пренасочи дел од своите војници на северот на земјата, додека води војна со Русија на источниот и јужниот фронт.

Лукашенко тврди дека Белорусија ќе влезе во војна само доколку Украина ја нападне.

Неговата армија тренира со руските сили со месеци, а годинава се планира да се одржат околу 150 заеднички воени вежби, меѓу кои и најголемата во септември, „Заеднички штит 2023“.

Loading...

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.