Бектеши: Падот на БДП во третиот квартал е очекуван

Сподели со своите пријатели

Во третиот квартал од годинава имаме намалување на БДП од 3,3 отсто што е согласно очекувањата одстрана на Владатаи проекциите од Министерството за финансии, оцени денеска министерот за економија Крешник Бектеши.

Loading...

-Имајќи го во предвид трендот што се движи вонагорна линија очекувам дека ќе ги надминеме проекциите кои ги имавме за 2020 година и нема да имаме поголем пад на БДП од 4,5 отсто на годишно ниво. Падот би требало да се движиод 4,2 до 4,5 отсто, рече Бектеши во одговор нановинарско прашање на денешната прес-конференција.

Тој нагласи дека сде покажува оти економските мерки на Владата даваат резултати.

-Ивештаите за туризмот, индустриското производство  и извоот и увозот за октомври годинава покажуваат дека бројките одат само во нагорна линија.Очеркуваме со завршувањето на пандемијата да имаме уште поголемо зголемување на БДП во 2021 година, потенцира Бектеши.

Валентин Јанковски

Leave a Reply