Бајден: Украина не е подготвена за членство во НАТО

Сподели со своите пријатели

Помалку од една недела пред клучниот самит на НАТО во литванската престолнина Вилнус, САД вчера отфрлија секаква можност Украина да добие забрзана покана за западниот одбранбен блок.

Loading...

„Мислам дека (Украина) не е подготвена за членство во НАТО“, изјави американскиот претседател Џо Бајден за Си-Ен-Ен.

„Не мислам дека има консензус во НАТО за тоа дали Украина треба или не да биде внесена во семејството на НАТО сега, во овој момент, среде војна“, рече Бајден.

„Ако војната продолжи, тогаш сите сме во војна. Ние сме во војна со Русија, ако тоа беше случај“, посочи тој, мислејќи на пактот за колективна одбрана што е јадрото на Северноатлантскиот договор.

Слично зборуваше и американскиот советник за национална безбедност Џејк Саливан, кој рече дека средбата во Вилнус „ќе биде важен момент на тој пат кон членството“, но дека Украина има „понатамошни чекори што треба да преземе“.

Следната недела одлуката за пакетот за поддршка

Украинскиот претседател Володимир Зеленски долго време се залага за НАТО да го отвори патот за членство на Киев, тврдејќи дека украинските сили во нивната борба да ја одбијат руската инвазија прават повеќе од која било членка на алијансата кога станува збор за одбрана на вредностите што НАТО вети дека ќе ги заштити.

Зеленски ќе присуствува и на состанокот на Алијансата закажан за 11 и 12 јули во Вилнус.

Дури и генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг и другите членки на алијансата не дадоа целосна поддршка на Украина кога станува збор за нејзиното неизбежно прифаќање во одбранбениот блок.

Loading...

Лидерите на Алијансата треба да се договорат за пакетот поддршка за Украина следната недела, изјави Столтенберг во петокот во Брисел.

„Ќе ја направиме Украина уште посилна и ќе поставиме визија за нејзината иднина“, рече тој.

Планираната долгорочна поддршка вклучува повеќегодишна програма за поддршка, посилни политички врски со Киев и реафирмирање на ветувањето на НАТО дека ќе ја пречека Украина во нејзините редови.

Самитот ќе испрати „јасна порака“ до Москва, рече Столтенберг, додавајќи дека „НАТО стои обединето и руската агресија нема да се исплати“.

На самитот, лидерите ќе ги поддржат и плановите за одговор на можен напад од Русија или некоја терористичка група и за зголемување на производството на оружје, истакна Столтенберг.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.