Бајден не верува дека Путин ќе употреби нуклеарно оружје

Сподели со своите пријатели

Американскиот претседател Џо Бајден изјави во интервју за Си-Ен-Ен дека верува оти рускиот претседател Владимир Путин е „рационален актер“ кој погрешно ја проценли неговата способност да ја нападне Украина и да го потисне нејзиниот народ.

Loading...

Да потсетиме, Бајден минатата недела предупреди дека ризикот од „нуклеарен армагедон“ е најголем во последните 60 години.

Бајден сега за Си-Ен-Ен изјави дека заканите што доаѓаат од Русија може да резултираат со катастрофални „грешки“ и „погрешни пресметки“, но тој не објасни како САД ќе одговорат доколку Путин започне со нуклеарни подготовки на украинското бојно поле.

Дополнително, американскиот претседател рече дека Саудиска Арабија ќе ги сноси последиците откако најави намалување на производството на нафта во партнерство со Русија, што може да предизвика зголемување на цената на гасот.

„Путин извршил воени злосторства. Кој знае што би се случило доколку употреби нуклеарно оружје“

Бајден беше прашан дали ќе се сретне со Путин на самитот на Г-20 во Индонезија, кој ќе се одржи следниот месец.

„Зависи за што сака да разговара. Ако сака да зборува за затворената американска кошаркарка Бритни Гринер, јас ќе бидам отворен за разговор“, рече Бајден.

„Но, погледнете, Путин се однесуваше брутално. Мислам дека изврши воени злосторства. Затоа, не гледам причина сега да се сретнам со него“, додаде Бајден, кој сè уште не верува дека Путин е подготвен да користи нуклеарно оружје.

„Не мислам така“, рече тој.

Loading...

„Неодговорно е лидерот на една од најголемите нуклеарни сили во светот да вели дека може да користи нуклеарно оружје во Украина“, смета Бајден.

„Мислам дека тоа би довело до ужасен исход. И не затоа што некој има намера да го претвори во светска војна или нешто слично, туку штом ќе употребите нуклеарно оружје, грешките што може да се направат, погрешните пресметки… Кој знае што би се случило“, рече Бајден.

Што ако Путин употреби нуклеарно оружје?

„Путин навистина не може неказнето да продолжи да зборува за користење нуклеарно оружје како да е тоа нормална работа. Се прават грешки. И може да се случи погрешна пресметка. Никој не може да биде сигурен што ќе се случи и може да заврши со Армагедон“, продолжи тој.

Бајден, одбивајќи да одговори како би изгледал американскиот одговор доколку Путин продолжи со нуклеарните закани.

„Која е црвената линија за Соединетите Американски Држави и НАТО и дали сте му дале наредба на Пентагон и другите агенции да размислат каков ќе биде одговорот доколку Путин навистина употреби тактичко нуклеарно оружје или ако ја бомбардира нуклеарната централа Запорожје во Украина или нешто слично? Кои се тие линии?” праша новинарот на Си-Ен-Ен, Џејк Тапер.

„Разговаравме, но нема да навлегувам во тоа. Би било неодговорно од моја страна да кажам што би направиле или што не“, одговори американскиот претседател.

Дали Русија ја менува тактиката со воздушни напади?

Неколку часа пред интервјуто за Си-Ен-Ен, Бајден беше на виртуелен состанок со земјите од Г7, кои украинскиот претседател Володимир Зеленски ги побара да се зајакне противвоздушната одбрана поради новите руски бомбардирања.

Зеленски на состанокот рече дека „заедничките напори за создавање воздушен штит за Украина“ мора да се засилат во услови на напади од руски крстосувачки ракети и беспилотни летала.

Loading...

Белата куќа, од друга страна, објави дека САД се подготвуваат да ја зајакнат противвоздушната одбрана на Украина, вклучително и противракетните одбранбени системи што Бајден наскоро ќе ги испорача.

CNN пишува дека интензивните руски воздушни напади врз Киев и цивилната инфраструктура би можеле да бидат знак за промена на тактиката за тероризирање на Украинците во текот на зимата.

„Ќе има последици за Саудиска Арабија“

Бајден рече дека е време да се преиспитаат односите меѓу САД и Саудиска Арабија, откако таа се здружи со Русија за да го намали производството на нафта.

САД се обидоа да спречат таква одлука, истакнува Си-Ен-Ен.

„Ќе има последици за она што Саудиска Арабија го направи со Русија“, нагласи Бајден.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.