Бајден го поздрави примирјето меѓу Израел и Палестина

Сподели со своите пријатели

Американскиот претседател Џо Бајден го поздрави прекинот на огнот меѓу Израел и палестинското движење Исламски џихад, кој стапи на сила синоќа по тридневни ракетни истрели.

Loading...

Бајден рече дека САД биле во контакт со официјални лица од Израел, палестинската управа, Египет, Катар и Јордан за да се постигне брз крај на непријателствата и им се заблагодари на лидерите на тие земји.

Тој го пофали израелскиот премиер Јаир Лапид и неговата влада за нивното „цврсто лидерство за време на кризата“.

Бајден ја повтори поддршката на Вашингтон за правото на Израел да се брани од „недискриминирачки“ ракетни напади на Исламскиот џихад, пишува „Тајмс оф Израел“.

Тој додаде дека САД се горди што го поддржуваат израелскиот одбранбен систем „Железна купола“, кој „пресретна стотици ракети и спаси безброј животи“.

Бајден изрази жалење за цивилите кои ги загубија животите за време на конфликтот, без разлика на која страна се тие, и додаде дека неговата администрација поддржува навремена и темелна истрага за тие смртни случаи.

„Ги повикуваме сите страни целосно да го почитуваат прекинот на огнот и да се погрижат гориво и хуманитарна помош да тече во Појасот Газа додека борбите стивнуваат. изјави тој.