Азиските берзи пораснаа на почетокот на неделата

Сподели со своите пријатели

На Азиските берзи цените на акциите пораснаа, иако последните податоци потврдија дека растот на индустриското производство во регионот забавува.

Loading...

Индексот MSCI на азиско-пацифичкиот регион беше околу 7,00 часа плус 0,8 отсто.

Истовремено, јапонскиот индекс Никеи зајакна за 1,7 отсто, додека цените на акциите во Австралија, Шангај, Јужна Кореја и Хонг Конг пораснаа меѓу 0,5 и 1,7 отсто.

Пазарите се поддржани од надежта на инвеститорите дека кинеските власти наскоро ќе воведат нови стимулативни мерки, имајќи предвид дека сите најнови податоци покажуваат дека растот на втората по големина светска економија е значително побавен од очекуваното по укинувањето на рестриктивните мерки за коронавирус.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  САД: Четворица полицајци убиени додека носеле налог за апсење

Бавно растат и другите најголеми економии во регионот, што го покажуваат податоците за индустриското производство објавени утринава.

„Најлошото за азиските фабрики можеби е минато, но производството не успева да заживее бидејќи изгледите за брзо закрепнување на кинеската економија се избледени. Дополнително, поради зголемувањето на каматните стапки на ФЕД, растот на американската економија се забавува, па изгледите за значително зголемување на производството се мрачни“, вели Тору Нишихама, економист во Институтот за истражување на животот Даи-ичи.