Автомобилските клучеви кријат многу тајни, кои ретко кој возач ги знае

Сподели со своите пријатели

Клучевите денес не се само за отклучување и заклучување на вратите на автомобилите.

Loading...

Денешните автомобили се полни со нови технологии и бројни трикови кои се таму за да го олеснат животот.

Иако на прв поглед изгледа дека има само копчиња за отклучување и заклучување на вратата, со вистинската комбинација на овие две копчиња може да дојдете до некои изненадувања.

Клучот од автомобилот има голема тајна за која знаат многу малку сопственици на автомобили. Затоа ви носиме список на автомобили каде што може да се направи ова.

 

 

Денес, сите автомобили имаат безжични клучеви или едноставно ги нарекуваме ”далечински” со кои ги отклучуваме и заклучуваме автомобилите, ја отвораме задната врата, но и го стартуваме моторот.

Loading...

Некои од нив имаат и други функции кои се корисни. Еве за што станува збор.

Притиснете го копчето за отклучување автомобил на далечинскиот управувач, отпуштете го и притиснете го повторно и држете го притиснато некое време. На овој начин, овозможивте автоматско спуштање и подигнување на прозорците.

 

 

Оваа функција е објаснета во фабричките упатства за одржување на возилото што доаѓа со новиот автомобил и е опишана.

Но, се разбира, ова не функционира кај сите модели на автомобили, па сега веројатно се прашувате, а подолу во текстот е списокот  на автомобили на кои работи:

– Акура (MDX / TL / TSX / ZDX)

Loading...

– Алфа Ромео (159)

– Ауди (А1 / А2 / А3 / А4 / А5 / А6 / А7 / А8)

– БМВ (Серија 3 / Серија 5 / Серија 6 / Серија 7 / M5 / Z4)

– Шевролет (корвета / Ексинос)

– Крајслер (Себринг / Таун и Кантри)

– Фиат (Браво)

-Форд (Ц-Макс / F150 /Фокус / Галакси / Мондео / С-Макс/ Tаурус)

– Хонда (Акорд/ Aкорд Кростур / Одисеј / Пилот)

Loading...

– Инфинити(Г25x / Г35 / Г37 / И30 / И35 / M35 / QX56)

– Џип (Гранд Чироки)

– Јагуар (С-Типе / ХФ / XJ8 / XK8)

– Лексус (ЕС300 / ГС350 / ИС250 / РX300 / РX350 / РX400h)

– Линколн (LS / MKX / MKZ / Zephyr)

-Мазда (6 / CX-9 / MX-5 Miata)

Loading...

– Мерцедес Бенз(Б180 / Ц240 ​​/ Ц300 / ЦЛК350 / ЦЛС550 / E350 / E430 / E500 / ГЛ450 / МЛ550)

– Мини Купер (Клубман / S / Mayfair)

– Нисан (350Z / Aлтима/ Aрмада/ Maксима/ Mурано/ Tитан)

– Опел

– Пежо (508)

Loading...

– Сааб (9-3)

– Сеат (Леон)

– Шкода (Фабија / Октавија II)

– Тојота (Приус)

– Вокс (Insignia / Vectra / Zafira)

Loading...

– Фолксваген (Буба / Голф / Џета / Пасат / Поло / Рутан)

– Волво (Ц30 / С40 / С60 /В50)

Втората тајна на клучот од автомобилот е уште подлабоко скриена.

Многу сопственици не се свесни за фактот дека во нивните дигитални клучеви има механички клуч. Се наоѓа таму во случај кога ќе ви остане без батерија и не можете да ја отворите вратата.

Клучот обично се наоѓа на дното и треба да притиснете посебно копче за да го испуштите – и се наоѓа на видливо место на повеќето дигитални копчиња.