Автомобил опожарен на патот Куманово – Крива Паланка

Сподели со своите пријатели

„Форд“ вчера настрадал во пожар, додека автомобилот се движел на реионалниот пат Куманово – Крива Паланка.

Loading...

– На 18.03.2024 во 14.59 часот во СВР Куманово било пријавено дека на регионален пат Куманово – Крива Паланка настанал пожар во товарно моторно возило „форд“ со кривопаланечки регистарски ознаки во движење, кое го управувал А.Т. (27), информираат од Секторот за внатрешни работи.

Територијалната противпожарна единица Куманово го изгаснала пожарот.

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, во гаснењето учествувале петмина пожарникари на ТППЕ Куманово, со едно противпожарно возило.

Во настанот нема повредени.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Пријавено пукање во липковско, полицијата не открила ништо

Екипа од СВР Куманово извршила увид.

Никола Ивановски