Австралија вложува милиони за опстанок на коалите

Сподели со своите пријатели

Австралиската сојузна држава Нов Јужен Велс соопшти дека ќе вложи 45 милиони австарлиски долари за да ја зголеми популаицјата на коалите која во Австралија е во рапидно опаѓање.

Според проценките на австралиските власт, во дивината денес живеат околу 43.000 коали, а пред доселувањето на Европјаните на континентот во 1788. година ги имало десет милиони.

– Коалите се национално богатство. Би била неизмерна срамота да не им ја обезбедиме иднината, рекла премиерката на сојузната држава, Гладис Берејиклиан.

Губење на живеалиште, напади на кучиња, удар од автомобили, климатски промени, болести, сто тоа зема порез кога е во прашање едно од најпрепознатливите австралиски животни.

Истражувањата покажуваат дека во последните 15 до 20 години бројот на коали во Нов Јужен Велс опаднал за 26 отсто. Воа таа држава симпатичните торбари се ранлива категорија, додека во остатокот од Австралија скоро и да ги нема.

Парите ќе се користат и за борба против болестите кои ги напаѓаат коалите, особено кламидија која им предизвикува неплодност, слепило и смрт.

Ќе се воспостави и посебна телефонска линија каде луѓето ќе можат да дојдават ако забележат повредена коала.

Leave a Reply