Австралија ќе потроши над 600 милиони долари за вооружување

Сподели со своите пријатели

Австралиската влада објави дека ќе инвестира повеќе од 1 милијарда австралиски долари (околу 684 милиони американски долари) за купување на нови поморски ракети, како и ракети од копно со долг дострел, високоподвижниот артилериски ракетен систем земја-земја HIMARS .

Loading...

Во соопштението на владата се вели дека Австралија потпишала договор со норвешкиот производител на оружје Конгсберг за набавка на поморски ракети, како и копнениот систем со долг дострел HIMARS, пренесува Ројтерс.

„Во сегашното стратешко опкружување, важно е австралиските одбранбени сили да се опремени со супериорни воени способности“, рече министерот за одбрана Ричард Марлс.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  ЕУ отвора нова истрага против Мета