Авион се врати во Атина со борбени авиони поради „сомнително лице“

Сподели со своите пријатели

Авионот на „Емирати“ со 228 патници и 18 членови на екипажот, кој синоќа тргна од атинскиот аеродром за Њујорк, мораше да биде придружуван назад во Атина со два борбени авиони Ф-16 поради „сомнително лице“, изјави полициски извор.

Loading...

„По информациите од странските власти дека во авионот имало сомнително лице, грчката полиција нареди авионот да се врати на меѓународниот аеродром „Елефтериос Венизелос“ во Атина на проверка“, изјавила портпаролката на грчката полиција, пренесува грчкиот портал „Катимерини“.

Патничкиот авион, придружуван од два борбени авиони Ф-16, се вратил околу 45 минути по полетувањето од аеродромот во Атина, според истиот извор.

Тој слета синоќа околу 22 часот по локално време на меѓународниот аеродром во Атина.

Полициски извор изјави дека американските власти ја алармирале грчката полиција дека во авионот има „сомнително лице“.

„По полициска проверка на сите патници и авиони, не е идентификувано лицето на кое се однесуваат информациите, ниту пак има други сомнителни елементи“, се вели во соопштението на грчката полиција.

Авионот денеска треба да полета за Њујорк, изјави извор од аеродромот.

Непосредно пред враќањето на овој авион, уште еден авион на Емирати на летот за Дубаи беше прегледан синоќа пред да полета од аеродромот во Атина.

Loading...

Авионот на крајот полетал од Атина со пет часа задоцнување, изјави извор од грчкиот аеродром, пренесува Танјуг.