Авион од Милано налетал на силни турбуленции, повредени 11 лица

Сподели со своите пријатели

Единаесет луѓе на летот на „Делта ерлајнс“ беа пренесени во болница во вторникот, на 29 август, откако доживеале „тешки турбуленции“ пред да слетаат во Атланта, изјави портпаролот на компанијата за Си-Ен-Ен.

Loading...

Авионот, кој полетал од Милано, превезувал 151 патник и 14 членови на екипажот, кога до крајот на летот настанале турбуленции, изјави портпаролот на Делта. Меѓу повредените има и патници и членови на екипажот.

Не се знае точниот степен на повредите.

Инцидентот се случил непосредно пред слетувањето на аеродромот во Атланта, каде авионот на крајот безбедно слетал.