Астероид со големина на автобус поминува покрај Земјата

Сподели со своите пријатели

Новооткриениот астероид ќе помине многу блиску до нас, тој е премногу мал за да се смета за егзистенцијална закана за животот на Земјата.

Loading...

Астероидот со големина на автобус денеска ќе помине исклучително блиску до Земјата, односно ќе се приближи за време на прелетувањето само 90.000 километри, што е околу 23 отсто од просечното растојание помеѓу Земјата и Месечината.

Многу поважно од тоа, пред само неколку дена никој не ни знаеше дека доаѓа овој астероид

Астероидот, наречен 2022 NF, се очекува безбедно да помине покрај нашата планета, според Лабораторијата за млазен погон на НАСА (JPL) во Пасадена, Калифорнија.

 

Астрономите го открија астероидот со помош на податоците од системот за камера и телескоп Pan-STARRS (Пан-СТАРС (Панорамски телескоп и систем за брза реакција) со седиште на Хаваи, чија примарна цел е откривање објекти блиску до Земјата.

На 4 јули, научниците го идентификуваа објектот и ја пресметаа неговата приближна големина и траекторија, проценувајќи дека вселенската карпа е широка помеѓу 5,5 и 12,5 метри.

Loading...

Поради својата мала големина, 2022 NF не ги исполнува критериумите на НАСА за „потенцијално опасен астероид“, кој мора да биде долг најмалку 140 метри и да помине на 7,5 милиони километри од Земјата за да ги исполни тие критериуми.

Иако новооткриениот астероид ќе помине на тоа растојание, тој е премногу мал за да се смета за егзистенцијална закана за животот на Земјата.

 

 

НАСА и другите вселенски агенции внимателно следат илјадници објекти блиску до Земјата како овој. Овие објекти ретко претставуваат закана за Земјата, но некои големи астероиди може да се покажат опасни доколку се сменат нивните траектории.

Во ноември 2021 година, НАСА лансираше вселенско летало за пренасочување на астероидот наречено Dual Asteroid Redirect Test (DART), кое ќе се урне во астероидот Диморфос широк 160 метри во есента 2022 година.

Тој судир нема да го уништи астероидот, но може малку да ја промени орбиталната патека на вселенската карпа. Мисијата ќе помогне да се тестира одржливоста на идејата за отклонување на астероид, доколку некој иден астероид претставува непосредна закана за нашата планета.

Loading...