Апсења во кумановско: Одземени возила поради сомнение за фалсификат, пронајден пиштол

Сподели со своите пријатели

Во периодот од 18.15 часот на 11.12.2022 до 06.10 часот на 12.12.2022, полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Север од слобода лишиле четири лица, од кои тројца македонски и еден албански државјанин, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Loading...

Во 18.15 часот на Граничен премин Табановце од слобода бил лишен А.Б.(41) од Гевгелија затоа што при контрола било констатирано дека серискиот број на возилото „фолксваген транспортер“ со бугарски национални ознаки, кое го управувал, бил фалсификуван, односно бројот во собраќајната возила не бил ист со бројот што е на возилото.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Тренер физички нападнал спортист во Куманово

За исто дело, денеска во 06.10 часот на Граничен премин Табановце од слобода бил лишен и Е.Д,.(37) од Република Албанија.

При контрола било констатирано дека серискиот број на возилото „форд фиеста“ со романски национални ознаки, кое го управувал, бил фалсификуван, односно бројот во собраќајната возила не бил ист со бројот што е на возилото.

Додека пак, на 11.12.2022 на локалниот пат село Табановце – село Лојане, кумановско, во атар на селото Лојане, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Сопот ги лишиле од слобода Х.Х.(21) и Х.М.(39), двајцата од село Сопот, кумановско.

При преглед во возило „сеат ибица“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал Х.Х., биле пронајдени и одземени пиштол „COL. 9 mm Parabelum“ и полна рамка во него со 10 куршуми калибар 9 мм.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Маџовски: Повеќе пари за спортот и формирање школски и младински лиги

По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Никола Ивановски

Loading...