Ангелов: Во моментов има 6 активни пожари низ Македонија

Сподели со своите пријатели

Деновиве низ Македонија има неколку активни пожари кои претат да направат голема штета на граѓаните и на општеството.

Loading...

Директорот на ЦУК Стојанче Ангелов во денешната прес конференција изјави дека не треба да се прогласува вондердна состојба и дека надлежните со сета моќ работат на гасењето пожарите.

– Во моментов има 6 активни пожари низ Македонија, покрај пожарот во Кочани кој гори во близина на градот и едно околно село голем пожар има и во Старо Нагоричане кој зафати неколку куќи и населениоето е евакуирано.

 

 

– Во моментов располагаме со 2 хеликоптери за гаснење на пожарот но тие не е добро да работат на температури над 37 степени, па затоа чекаме кога температурите се намалат да ги праќаме на терен. Хеликоптерите ги пративме во Нагоричане заради непроодниот пат, додека во Кочани може да се гаси од земја попради проодноста на патот, изјави директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов.

Србија ќе помогне со 4 хеликоптери кои треба да слетат на Аеродромот денеска, но и тие исто не се можност да функционираат на температура повисока од 37 степени.

Loading...

Досегашните штети кои се направени ќе бидат надоместени од државата.

 

М.Ф.

Leave a Reply