Ана, жената која единствена во светот ја победи најлошата смрт и се врати од мртвите (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Ана Багенхолм скијала со своите пријатели на планините во Норвешка, сега веќе во далечната 1999 година кога доживела несреќа.

Loading...

Имено, таа била една од скијачите кои прескокнале свеж слој снег кога одеднаш се лизнала по удолницата. Според очевидци, таа со своите скии се лизнала право кон замрзнатиот поток.

Таа била потопена во ладна вода, под мраз, 80 минути и кога пристигнала во болницата, тие не ѝ давале шанси дека ќе преживее, па дури и да го сторела тоа, дали ќе можела да се врати во нормала, бидејќи во тоа време на хоспитализација, нејзината телесна температура била 13,7 степени целзиусови.

Животната приказна на Ана го интригира обичниот свет со децении, но и научниците, бидејќи она што успеала да го преживее е во спротивност со невозможното и таа е, засега, единствениот пример за личност која успеала да излезе од хипотермија скоро “недопрена„ благодарение на волјата, ледената вода на која била изложена и тимот на лекари.

Падот во ледена вода

Кога паднала под мразот, кој го пробила со главата, бил тенок, но веднаш откако паднала во водата, на тоа место повторно се формирал леден покрив, поради што нејзините пријатели не биле во можност да ја извлечат. Ги минала следните осумдесет минути во тие услови, додека не пристигнала помошта.

Во тој момент, Ана немала чукање на срцето и нејзината телесна температура била 13, 7 степени. Сепак, благодарение на брзата реакција, таа била пренесена со хеликоптер во болницата во Тромсо, каде што шефот за итни ситуации, Мадс Гилберт, реокл дека „таа веќе изгледа мртва“ и тие речиси ја прогласиле за мртва.

Сепак, една одлука на д-р Гилберт ѝ го спасила животот.

Loading...

 

Замрзнувањето ги спасило органите

Имено, тој им рекол на вработените дека ќе ја прогласат Ана за мртва дури откако ќе успеат да и ја вратат температурата, затоа што кога пристигнала во болницата, нејзината телесна температура била 13,7 степени целзиусови.

Теоријата на д-р Гилберт е дека фактот дека температурата на телото паднала на ниво на замрзнување, може да го забави исклучувањето на мозокот, што може да го спаси од смрт.

Некои научници велат дека ако метаболизмот на телото се забави, тоа помага да се зачуваат органите, вклучително и мозокот.

Гилберт сметал дека има малку шанси да преживее, но сепак тоа била шансата. Затоа, наместо да ја прогласи за мртва, тој решил да се обиде да ја оживее.

Гилберт и неговиот тим закачиле машина за белите дробови и срцето на нејзиното тело за да ја вратат функцијата на органите. Покрај тоа, д-р Гилберт наредил да и се извади крвта и да се загрее, по што била вратена во телото на Багенхолм.

Loading...

Температурата на телото се врати, но срцето сè уште не чукало.

И покрај тешката ситуација, Гилберт и неговиот тим не се откажале од неа. Следниот ден во 16:00 часот срцето на Ана започнало повторно да работи и ја вратило способноста да пумпа крв по целото тело.

 

 

Будење од кома по 12 дена

Сепак, таа сè уште била во кома, во која останала во следните 12 дена. Кога се разбудила, оштетувањето на нејзиното тело, особено на нервниот систем, ја спречило да стане и да шета наоколу.

Но, по една година физикална терапија, Ана Багенхолм повторно можела да оди, а денес води нормален живот.

Loading...

До денес, Ана Багенхолм е единствената личност што преживеала хипотермија, а нејзиното искуство го сменило начинот на кој лекарите гледаат на смртта предизвикана од оваа состојба.

Исто така, поради начинот на кој нејзините органи преживеале, лекарите сè уште ја истражуваат хипотермија и нејзиниот потенцијал за зачувување на човечки органи.

 

Leave a Reply