Американската војска случајно испратила милиони мејлови до земја која е руски сојузник

Сподели со своите пријатели

Милиони американска воена електронска пошта по грешка биле испратени до рускиот сојузник Мали.

Loading...

Со години, мејловите наменети за доменот „.mil“ на американската војска се испраќаат до една западноафриканска земја чиј домен завршува со наставката „.ml“.

Некои од мејловите наводно содржеле чувствителни информации како лозинки, медицински досиеја и планови за патување на високи офицери, пишува Би-Би-Си.

Пентагон потврди дека презел чекори за решавање на проблемот.

Според Фајненшл Тајмс, кој прв ја објави приказната, холандскиот претприемач Јоханес Зурбиер го идентификувал проблемот пред повеќе од 10 години.

Тој е под договор од 2013 година за управување со доменот на владата на Мали, а во последните месеци, наводно, собрал десетици илјади погрешно насочени мејлови.

Ниту една од пораките не била означена како доверлива, но новинарите рекоа дека спорните пораки вклучуваат медицински досиеја, мапи на американски воени објекти, финансиски записи и официјални планови за патување, како и некои дипломатски пораки.

Зурбиер напишал писмо до американските официјални лица претходно овој месец за да ги предупреди.

Loading...

Воената влада на Мали треба да ја преземе контролата над доменот

Тој истакна дека наскоро треба да му заврши договорот со владата на Мали, што значи дека „ризикот е реален и може да го искористат противниците на САД“.

Воената влада на Мали во понеделник треба да ја преземе контролата врз доменот.

Американските воени комуникации означени како „класифицирани“ и „строго тајни“ се пренесуваат преку одделни ИТ системи што ја прават мала веројатноста дека ќе бидат случајно компромитирани, велат поранешни и сегашни американски претставници.

Стивен Странски, адвокат кој претходно служел како висок советник во Одделот за разузнавање при Министерството за домашна безбедност, нагласува, сепак, дека дури и навидум безопасните информации може да се покажат корисни за американските противници, особено ако вклучуваат детали за поединечен персонал.

Американците потврдија дека се свесни за проблемот

„Таков вид на комуникација би значело дека странскиот актер би можел да започне да создава досиеја за нашиот воен персонал, за шпионски цели, или би можел да се обиде да ги натера да откријат информации во замена за финансиска добивка. Тоа секако се информации што може да ги искористи странската влада“. објасни тој.е.

Професорот за информатички студии на Универзитетот Сиракуза, Ли Мекнајт, смета дека американската војска имала среќа што проблемот бил ставен на нивно внимание и дека е-поштата отишла на домен што го користи владата на Мали, а не сајбер-криминалците.

Тој додаде дека компјутерскиот криминал насочен кон корисници кои погрешно пишуваат погрешен домен на интернет е честа појава.

„Тие се надеваат дека личноста ќе направи грешка и дека ќе може да ве намамат“, рече тој.

Loading...

Портпаролот на американското Министерство за одбрана рече дека се свесни за проблемот и сериозно го сфаќаат.

Тој истакна дека одделот презел чекори за да се осигура дека е-поштата „.mil“ не се испраќаат на погрешни домени, вклучително и нивно блокирање пред да заминат и известување на испраќачите дека мора да ги потврдат примателите.