Америка испраќа нов пакет помош во Украина од 2,6 милијарди долари

Сподели со своите пријатели

Американското Министерство за одбрана во вторникот објави нов пакет воена помош од 2,6 милијарди долари за Украина, кој главно вклучува муниција за артилериско оружје и други системи за оружје, како што се повеќецевните ракетни фрлачи Химарс.

Loading...

Оружје и муниција во вредност од 500 милиони долари ќе пристигне од американските воени залихи, објави во вторникот Пентагон.

Дополнително, Украина ќе добие муниција и оружје во вредност од 2,1 милијарди долари, кои ќе бидат набавени од индустријата, се вели во соопштението.

Овој пакет ќе вклучува радарски системи за противвоздушна одбрана, комуникациска опрема, ракетни фрлачи и возила од различни типови.

САД се сметаат за најважен сојузник на Украина во одбраната од руската инвазија.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.