Америка ги испраќа најдобрите единици во Европа

Сподели со своите пријатели

Американската војска распореди делови од своите најелитни единици во Европа. Тоа, може да се каже, експедицискиот кор, служи за подготовка на базите и теренот за префрлање на сите борбени единици од Америка во Европа.

Loading...

Во Романија моментално има делови од 101-та воздушно-десантна дивизија, која изведува вежби со единици од 1-та оклопна дивизија и делови од Националната гарда на Калифорнија во близина на Констанца.

Во соработка со 9-та механизирана бригада на Романија, тие имаат задача да го заштитат источното крило на НАТО алијансата.

На официјалната веб-страница на Армијата на САД се наведува дека 500 војници од штабот на 10-та планинска дивизија, која е стационирана во Форт Драм, во државата Њујорк, ќе заминат за Романија.

Споменатата дивизија е една од најспособните американски единици, со големо борбено искуство од Авганистан.

– Горди сме што служиме со нашите сојузници. Нашите единици се обучени и подготвени да се распоредат секаде каде што е потребно – изјави генерал-мајор Грегори Андерсон, командант на 10-та планинска дивизија.

На планинарите во Романија ќе им се придружат 3.800 војници од борбениот тим на Првата пешадиска бригада, дел од 101-та воздушнодесантна дивизија од Форт Кембел, Кентаки.

Тие ќе ги заменат единиците од истата дивизија, кои во моментов престојуваат во Романија.

Loading...

Првата пешадиска бригада од 101-та воздухопловна дивизија има голема репутација во Армијата на САД.

Таа се бореше во Бастоњ, во Втората светска војна, а денес треба да ја „обесхрабри руската агресија“ на источното крило на НАТО.

Во февруари минатата година, токму во моментот на почетокот на конфликтот во Украина, 82-та воздушнодесантна дивизија вежбаше јуришни операции со делови од 21-та пушка бригада на Полска.

Околу 10.000 американски војници моментално се распоредени во Полска, кои припаѓаат на Групата за поддршка на источните крила на НАТО.

Во таа земја штотуку беше отворен првиот американски гарнизон.

Тоа е кампот Кошчиуско, каде што постојано ќе бидат распоредени американски единици, како дел од Петтиот корпус.