Амбасадорот на Русија во посета на Куманово (ФОТО+ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Амбасадорот на Руската Федерација во Македонија Сергеј Баздникин денеска оствари протоколарна посета на Општина Куманово каде се сретна со градоначалникот Максим Димитриевски.

Loading...

На средбата, како што информираа на прес конференцијата, се разговарало на повеќе теми од областа на образованието, но и економијата.

Според Димитриевски голем број студенти од Куманово своето високо образование го стекнуваат на државните универзитети во Русија благодарение на стипендиите што им ги овозможува амбасадата.

– Имаме голем број наши студенти од Куманово кои се на дополнителна едукација и досувршување на високото образование во Руската Федерација на многу државни универзитети, директни стипендисти на Руската Федерација и ги поздравуваме ваквите поддршки кои доаѓаат директно од руската амбасада и секако разговаравме за бројот на учениците кои го изучуваат рускиот јазик во основните и средни училишта во нашиот град, истакна Димитриевски.

 

 

Во областа на образованието Димитриевски истакна дека Гимназијата „Гоце Делчев“ е збратимена со гимназија од Санкт Петербург и ќе се работи таквиот начин на размена на ученици да се направи и со другите средни и основни училишта до Куманово со училиштата во Русија.

Loading...

На едночасовната средба во просториите на општината, се разговарало и за економијата, односно соработката на кумановските со руски компании, меѓу кои градоначалникот ја истакна компанијата ФЗЦ.

– Дополнително и на тема на економија и за можна понатамошна соработка и користење на позитивните пракси кои што некои компании во Куманово како што е примерот на Фабриката за заварени цевки и профили ФЗЦ Куманово која активно соработува со компании од Русија и можности за отворање на нови соработки во делот на развојот на земјоделието, изјави тој.

 

 

Димитриевски посочи дека Општина Куманово традиционално има добри односи со Руската Федерација и ќе се потруди тие да се продлабочат.

Амбасадорот Баздникин најпрвин му го честиташе реизборот на Димитриевски и му посака успех во работата, а притоа денешната средба ја оцени како конструктивна размена на мислења од широк спектар на билатералната соработка.

– Секогаш сме отворени за нови предлози и иницијативи на нашите партнери и сме подготвени да ги ангажираме и разгледаме со релевантните агенции и компании во Русија. Сакам да потенцирам, Русија секогаш била и останува посветен пријател на вашата земја, ние сме подготвени за конструктивна и взаемно корисна соработка до тој степен и во оние области за кои се спремни двете страни. Нашата интеракција треба да се развива на деполитизиран начин врз принципите на еднаквоста, взамена доверба и почитување, прагматизмот и водиме сметка за меѓусебните интереси, изјави амбасадорот.

Loading...

 

 

Како што рече Баздникин, Русија секогаш ја признава самостојноста и автентичноста на македонскиот јазик, историја, култура и идентитет и тоа не зависи од политичките прилики.

– Русите и Македонците ги споделуваат заедничките вредности вклучувајќи ги традициите на антифашистичката борба, многу ни е драго што во Куманово секоја година на 11ти Ноември се одбележува Денот на ослободувањето на градот, голема чест и привилегија за нас е да учествуваме во свечената церемонија и со положување цвеќе им одаваме почит на паднатите херои, рече Амбасадорот.

 

 

Loading...

Баздникин го изрази и своето задоволство што општина Куманово дава поддршка за изучување на рускиот јазик во основните и средните училишта, и како што рече, повеќе од било каде во земјата.

– Сме благодарни на раководството на општината и лично кон господинот Димитриевски за оваа прашање и како веќе кажав остануваме отворени за соработка. Убеден сум дека ќе бидеме во можност значајно да ја зголемиме во следниот период, рече амбасадорот.

Никола Ивановски