Алјаска: Три лица загинаа во одрон, тројца се водат за исчезнати

Сподели со своите пријатели

Во одрон на главниот автопат на островската заедница во југоисточниот дел на американската сојузна држава Алјаска, најмалку три лица загинаа, три се сметаат за исчезнати, а еден е повреден, соопштија локалните власти.

Loading...

Стрмна, пошумена планина се урна во вторникот долж крајбрежниот дел на автопатот Зимовија во Врангел, Алјаска, 250 километри јужно од главниот град на државата Џуно, град со околу 2.000 луѓе кои живеат претежно во риболов и сеча, пренесува Ројтерс.

Падот на планината уследи по еднодневното невреме со обилни дождови и ветрови во југоисточна Алјаска, што го зголеми ризикот од лизгање на земјиштето низ тој дел од државата, изјави Шенон Мекарти, портпаролка на Одделот за транспорт.

Екипата на итната помош во понеделникот вечерта пронашла тело на малолетно лице и успеала да спаси возрасна жена од урнатините на куќа која била на патеката на лизгање на земјиштето, јавува Танјуг.