Алексовска: Дали Мисајловски бара оправдување за нереализирани, а веќе доставени проекти (видео)

Сподели со своите пријатели

Секретарот на Општина Куманово, Валентина Алексовска денеска одржа прес конференција на која одговори на вчерашните обвинувања од страна на министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски дека ги кочи проектите за граѓаните.

Како што истакна Алексовска обвинувањата кон општината обично започнуваат само во пердизборието, бидејќи власта само тогаш се сеќава дека псотои Општина Куманово.

Дали министерот Владо Мисајловски бара оправдување за нереализирани, а веќе доставени проекти уште пред три години од страна на Општина Куманвоо со комплетна техничка документација во Министерството за транспорт и врски и тоа во вредност од 2 милиона и 700 илјади евра? Тоа се проекти за изградба на фекален колекотр кон селото Речица, изградба на фекален колектор кон село Тромеѓа и третиот проект замена и инсталација на куќни водомери со далечинско управување – рече Алексовска.

Секретарот на општината апелираше на жителите на Пчиња и Романовце да не дозволат со овие предизборни активности да се манипулира со нив.

Општина Куманово ги изготвува проектите и во најкраток можен рок ќе ги достави до министерството за транспорт и врски. Но, сепак дали и опвие проекти ќе ги чека истата судбина како веќе доставените три проекти времето ќе докаже – додава Алексовска.

Инаку само за потсетување, во текот на вчерашниот ден министерот Владо Мисајловски излезе со изјава дека Општина куманово ги кочи проектите за граѓаните, и апелираше општината да се придружува на договорот потпишан со министерството при што додаде дека на располагање општината има 1,5 милиони евра кои доколку не сака општината да ги искористи ќе бидат одземени.