Алек Роберт од Куманово ја освои титулата Принц на светот

Сподели со своите пријатели

Од 50 земји учеснички на последниот меѓународен фестивал за убавина, таленти и мода насловен како “Принцеза и Принц на Светот” кој беше одржан  во Бугарија, македонецот Алек Роберт од Куманово ја освои титулата Принц на Светот , објави Радио Бум.

 

Loading...

[huge_it_gallery id=”395″]

 

На само 9 години да се добие титулата принц на свет е навистина голема чест, конкуренцијата беше голема, а имаше и повеќе критериуми кои што требаше да ги исполниме – вели малиот Алек за радио Бум.

Бранка Роберт, мајката на Алек, вели дека добиле покана да учествуваат на интернационалниот натпревар во Бугарија, што навистина било голем предизвик за нив но и голема одговорност.

“Јас како родител имав многу трема бидејќи се работи за светски натпревар, а тие се само деца. Беа оценувани сите критериуми, од однесувањето до пораките за мир кои беа упатени од сите учесници. Конкуренцијата беше голема, но сите беа воодушевени од Алек”- низ солзи радосници раскажува мајката, која во Македонија ја донесе титулата најубава мајка на натпреварот.

За Алек беше искреиран и специјален костум за натпреварот од атеље  на Ивана Каран.

На фестивалот 9 годишниот Алек доби и златен медал за најдобар модел за 2016 година и покана за учество во детско стручно жири за 2017 година.