Албанка приведена на ГП Табановце

Сподели со своите пријатели

Дваесет и двегодишна државјанка на Албанија вчера била приведена на Граничниот премин Табановце со туѓа патна исправа.

Loading...

– На 10.08.2021 година во 14.10 часот на Граничен премин „Табановце” била приведена Р.К.(22) од Република Албанија, затоа што при проверка било утврдено дека на увид приложила патна исправа на име на П.С.(28) од Република Албанија, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Р.К. била приведена и предадена на полициски службеници за понатамошна постапка.