Акција за заловување кучиња во Куманово

Сподели со своите пријатели

Продолжија акциите за заловување кучиња – скитници во општина Куманово. Како што информираа денеска надлежните од секторот за инспекциски надзор, изминативе денови се заловени десетина кучиња од различни локации, а вкупно од почетокот на склучувањето на договорот со операторот се заловени 70-тина кучиња.

Loading...

-Во принцип работиме по телефонски јавувања и писмени пријави од граѓани и секако по програмата одобрена од Агенцијата за храна и ветеринарство за подрачје на општината. Граѓаните ни доставуваат информации, за што сме им благодарни и ни укажуваат дека на одредени локации се пуштаат кучиња на подрачје во Куманово од други населени места, изјави комуналниот редар, Гордан Таневски.

Надлежните од општината најавија дека акциите за вдомување ќе се спроведуваат во октомври.

Општина Куманово и АД. Ветеринарно сточарски центар „Тодор Велков“ Куманово склучија договор за заловување и третман на кучиња скитници на подрачјето на Куманово кон крајот на март, годинава, откако претходно Општината објави оглас за избор на оператор за оваа дејност. Од Секторот за инспекциски надзор потврдија дека заловувањето ќе се одвива согласно план и динамика, но ќе се интервенира и по дојава на граѓани. Куманово со години наназад спроведува годишен тендер за заловување кучиња – скитници и организира акција за вдомување во соработка со операторот и со здруженија на граѓани.

МИА