Ајкула излета од аквариум и нападна девојче во трговски центар (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Едно девојче сериозно е повредено откако ајкула го гризнала за рака од отворениот аквариум во трговски центар во Кина.

Ксиао Ли (6) се наоѓала покрај работ на отворениот аквариум кога ајкула допливала до површината на водата и ја каснала за рака.

Бабата на девојчето, која цело време била со неа, рекла дека ајкулата излегла од вода пред да ја нападне нејзината внука, пишува Дејли мејл.

Хорор во Црна Гора: Ајкула изела половина човек, момчето пронајдено преполовено

Loading...

Меѓутоа, сопствениците на трговскиот центар тврдат дека девојчето ставило рака во водата. Дететот се здобило со искршеници на прстите и кожата и е оштетена.

На снимките од камерите се гледа како ајкулата плива кон девојчето и ја каснува за рака пред шокираните посетители.

Девојчето веднаш се одалечува од аквариумот, но имала потешкотии да се ослободи. Секунда подоцна, ајкулата се свртува и заминува од девојчето, кое останува со голема повреда и сериозни крварења.

Веднаш ја однеле на лекар, а персоналот на трговскиот центар поставиле бар за да спречат посетителите да приоѓаат до аквариумот.

https://youtu.be/tYeRaFcRStI

Leave a Reply