Абас го поздрави договорот меѓу Израел и Хамас

Сподели со своите пријатели

Претседателот на палестинската управа Махмуд Абас денеска го поздрави хуманитарниот договор меѓу Хамас и Израел постигнат со странско посредство и повика на пошироки решенија за долгорочниот израелско-палестински конфликт.

Loading...

„Палестинските власти на окупираниот Западен Брег ги ценат катарско-египетските (посреднички) напори, посакуваат продолжено примирје со Израел и изнаоѓање политичко решение засновано на меѓународниот легитимитет“, се вели во соопштението на канцеларијата на Абас, пренесува Ројтерс.

Израелската влада вечерва го одобри договорот за ослободување на 50 заложници кои ги држеше Хамас во замена за повеќедневен прекин на огнот, ослободување на голем број Палестинци од израелските затвори и испорака на хуманитарна помош за окупираниот Појас Газа.