Матурантки од Земјоделското училиште во Славонска пожега привлекле внимание со необичното превозно средство со кое дошле во училиштето – трактори, со што сакале да покажат дека не им е срам што живеат од земјоделството.
Катарина Аугустиновиќ и Сара Пус тракторите со кои пристигнале во училиштето ги паркирале на паркингот додека биле на настава.
Горди на својата професија и образование кое го стекнуваат во Земјоделското училиште во Пожега, Катарина и Сара се големи обожавателки на стари обичаи и јавање коњи, пренесува локалниот портал Пожега.
Несекојдневнио призор, за кој Катарина и Сара биле одговорни, ги воодушевил колегите и професорите, кои ги пофалиле поради тоа.
Двете исто така учествуваат на бројни манифестации, а многу се талентирани во јавање коњи и често може да се видат како јаваат на своите липицанери.