Компанијата Samsung планира да го претстави моделот Galaxy S9 во февруари, додека новите телефони во продажба би можеле да се најдат кон почетокот на март, пишува „Блумберг“.
Доколку овие информации се испостават како точни, компанијата следната година новите модели ќе ги лансира порано во однос на изминатите неколку. Годините наназат претставувањето обично беше во март, а на пазарот се пласираа во април.
Loading...
Се очекува дека Samsung Galaxy S9/Ѕ+ ќе имаат дизајн доста сличен на овогодинешните модели. Како и секој нов модел, и деветките ќе имаат побрз процесор и подобра камера.
Samsung Galaxy S9 ќе има Qualcomm Snapdragon 845 процесор кој ќе биде посилен, енергетски поефикасен и ќе има подобрена безбедност, но и што подобра можност за процесирање на фотографиите и видео записите.
Моментално се уште нема информација за количината за РАМ меморија, минатогодишните имаат четири гигабајти, додека Note 8 има шест, така да слично се очекува и за новите модели.
Што се однесува до камерата, резолуцијата на двете задни камери би требала да биде 16 мегапиксели, што би било зголемување во однос на 12. мегапиксели на Ѕ8 и Ѕ8+ моделите.