Пристигнува Samsung Galaxy Note 8

Сподели со своите пријатели

Компанијата Samsung наскоро на свечен настан во Њујорк ќе го претстави долгоочекуваниот Galaxy Note 8, кој е наследник на Note 7, запаметен ппо дебаклот поради самозапалувањето.

Јужнокорејскиот гигант минатата година доживеа ПР катастрофа од неверојатни размери поради лансирање на Note 7. Конечно, мораше да го прекине производството на својот уред, со оглед дека протеакоа информации дека одредени таблети се запалиле или експлодирале. Самсунг напорно работеше да го врати угледот на својот бренд,

На дебаклот компанијата одговори така што новите модели ги продаваше по истражувања вклучувајќи и рендгенски снимки и стрес тестови на екстремни температури. Исто така се обезбедува и поголема физичка заштита на батеријата, што зазема простор кој инаку беше слободен за полнење.

Претходно годинава, се појавија и смартфоните Ѕ8 и Ѕ8 плус. Со спектакуларен екран од 16 сантиметри, Note 8 ќе биде малку поголем од уредот Ѕ8 плус.

Информациите кои протекоа во јавноста откриваат дека таблетот ќе има дуал камера на задната страна, што ќе го направи прв Самсунг уред со дуална камера. Ајфон 7 плус има дуална камера со двојно оптичко зумирање, додека за Note 8 се зборува дека ќе има тројно.

 

Loading...

 

Како и телефоните Ѕ8, таблетот че има инфинити дисплеј кој ја максимизира големината на екранот со што се намалува рамката.

Цената, ако се суди по претпоставките, ќе се движи околу 900 долари.

Новиот модел во продажба ќе биде пуштен на 15 септември, во исто време кога компанијата Ејпл треба да ги претстави новите модели на Ајфон.