Судир меѓу полицијата и демонстрантите во Тирана, бараат оставка од Рама (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Протестот на албанската опозиција против владата на премиерот Еди Рама вчера прерасна во насилство пред седиштето на Владата во Тирана.

Демонстрантите фрлаа молотови коктели, а полицијата одговори со водени топови, при што некои беа повредени и приведени.

Протестот, со кој се бара оставка од премиерот Еди Рама, беше организиран од Демократската партија на Албанија (ДП) со поддршка на други опозициски партии.

Судир меѓу демонстрантите и полицијата

Демонстрантите фрлаа молотови коктели и пиротехнички средства кон зградата на Кабинетот на премиерот на Албанија, на што полицијата одговори со водени топови.

Според демонстрантите, употребен е солзавец и спреј.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Американската војска потврди дека ги предала сите главни бази во Сирија

За време на протестот во судирите со полицијата беа повредени неколку претставници и поддржувачи на ДП, а полицијата приведе неколку демонстранти.