Белгиската служба за испраќање телеграми наскоро ќе престане со работа, 171 година откако била испратена првата телеграма од Брисел до Антверпен.
Службата ќе престане сор абота на 29 декември, пишува британскиот ВВС и наведува дека тоа што технологијата од 19 век и натаму е присутна во време на Инстаграм и Снепчет може да биде невообичаено – особено кога Велика британија, која ја измислила телеграмата во 1830 таа служба ја изгаснала во 1982 година.
Belgium ends 19th-Century #telegram service https://t.co/39I7yMeA7o #communication #messaging #history
— Dr Vladimir Choi (@vladimirchoi) December 17, 2017
Loading...
Како се наведува, од 2006 година ниту САД нема таква служба, па дури ни Индија, која била најголемиот светски пазар за телеграми, тоа го завршиле во 2013 година.
Системот за телеграми функционирал така што купувач преку телефон би повикал оператор и би му ја издиктирал пораката, а тој ги ја испратил на примателот. Меѓутоа, цената од 23,75 евра за телеграма од 20 зборови плус 0,90 центи за испорака во и околу Брисел, зборува за тоа зошто системот се бори со опстанот во ера на неограничени пораки и евтини тарифи на мобилната телефонија.
Зошто Белгија ги повика граѓаните да се откажат од алкохол во февруари?
Пред откривање на телефонот, телеграмот бил првиот систем кој овозможувал брза трансмисија на електронски пораки на голема далечина.