Сестри од Куманово ја натепале својата маќеа

Сподели со своите пријатели

Две жени од Куманово биле приведени ноќва по пријава дека физички ја нападнале сопругата на нивниот починат татко.

– На 19.05.2026 во 01:30 часот, полициски службеници од СВР Куманово ги лишија од слобода А.Ќ.(43) и нејзината сестра Е.Ќ.(20), двете од Куманово, постапувајќи по претходна пријава дека во семејна куќа во Куманово физички ја нападнале сопругата на нивниот починат татко, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Куманово наскоро ќе добие Б-зона за паркирање и урбани скверови (ВИДЕО)