Приведени шест лица во Клечовце, натепале 45-годишник

Сподели со своите пријатели

Шест лица од кумановското село Клечовце биле приведени вчеравечер под сомнение дека физички нападнале 45-годишник.

– На 03.05.2026 во 22:20 часот, полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода М.М.(41), Д.М.(27), Д.М.(46), С.Б.(40), З.М.(45) и А.Ј.(47), сите од село Клечовце, кумановско, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, тие се сомничат дека во село Клечовце физички го нападнале С.Г.(45).

– По целосно документирање на случајот, против нив ќе следуваат соодветни пријави, стои во соопштението.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Двајца кумановци учествувале во групна тепачка во Скопје