Куманово доби нова платформа за брза достава на храна, намирници и производи до врата, со што онлајн нарачувањето станува лесно и брзо за сите.
По повеќегодишно успешно работење во Скопје, каде што бројот на партнери надминува 350 локали, и минатогодишното проширување во Тетово и Охрид во преку 70 локали, Korpa продолжува со својот план за раст и развој –нудејќи ги своите услуги за достава на храна и производи отсега и во Куманово.
Korpa е препознатлива quick commerce платформа за брза достава која веќе 5 години работи на македонскиот пазар. Својата мисија во Македонија ја започна во 2021 година, стартувајќи во Скопје, а од минатата година се прошири и во други градови од внатрешноста, со што овој тренд на проширување се планира да продолжи и во текот на следната година. Моментално платформата соработува со преку 400 партнери, овозможувајќи понуда од најразлични ресторани, онлајн продавници како аптеки, тобако, козметика, пијалаци, а во брзо време ќе започне и со супер маркет. Нарачувањето е брзо и едноставно, а испораката до точната адреса е за 20-30 минути, со можност за плаќање со платежна картичка на платформата или во готовина при испорака.
„Нашата цел отсекогаш била да понудиме решение што ќе ги поврзе локалните бизниси со потрошувачите на најлесен можен начин. Со Куманово, добиваме уште еден важен град кој заслужува брза, професионална и достапна услуга за достава со поддршка во секое време,“ – велат од тимот на Корпа.
За отворањето во Куманово, во првиот месец Korpa на своите корисници им нуди бесплaтна достава за сите нарачки над 300 ден, како и “Покани пријател” стимулативна промотивна програма. Секој што ќе покани пријател да ја направи својата прва нарачка преку Korpa, ќе добие 200 ден Korpа кредит кои може да ги искористи при следна нарачка, а пријателот добива 200 ден попуст за својата прва нарачка. Сите останати информации за работењето и достапните ресторни може да ги видите на самата апликација којашто е достапна и за Android и IOS корисници преку Play Sotre или App Store.
ПР текст

