Регулаторната комисија за енергетика донесе нова одлука со која од полноќ стапуваат во сила повисоки малопродажни цени на нафтените деривати.
Според новиот ценовник, бензините и екстра лесното масло за домаќинство ќе бидат поскапи за 2,5 денари по литар, додека кај дизелот зголемувањето изнесува 2 денари.
Корекција нагоре има и кај мазутот, чија нова цена е утврдена на 49,720 денари за килограм.
Со последната одлука на РКЕ, просечното зголемување на малопродажните цени изнесува 3,47 проценти во споредба со претходната одлука донесена минатата недела.
Според новоутврдените максимални цени, литар ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе чини 85 денари, ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава по 87 денари, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) ќе изнесува 93,5 денари за литар, додека цената на Екстра лесното масло за горење (ЕЛ-1) ќе биде 98,5 денари за литар.
Кај Мазутот М-1 НС евидентирано е поскапување од 3,064 денари за килограм, со што новата малопродажна цена достигнува 49,720 денари за килограм.

