Димитриевски оддаде почит на гробот на Гоце Делчев (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

По повод 123 години од смртта на македонскиот револуционер Гоце Делчев, градоначалникот на Куманово и претседател на Движење ЗНАМ – За наша Македонија, Максим Димитриевски, денеска оддаде почит на неговото дело во црквата Црква Свети Спас.

 

 

На чествувањето, Димитриевски беше придружуван од пратениците Павле Арсоски и Даниела Белимова, при што беше одбележана годишнината од загинувањето на еден од најзначајните македонски револуционери.

 

 

Во својата порака, Димитриевски истакна дека Гоце Делчев претставува симбол на борбата за слобода и достоинство, а неговото дело е длабоко вградено во темелите на македонската историја.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Од полноќ поскапување на горивата

 

 

„Неговата посветеност и храброст оставија длабока трага, отворајќи им пат на идните генерации да создаваат слободно и достоинствено општество“, порача Димитриевски.

 

 

Тој нагласи дека идеалите на Делчев и денес остануваат водилка во градењето праведно општество засновано на меѓусебно почитување, вистински вредности и заеднички заложби за напредок на татковината.

 

 

 

 

 

Никола Ивановски