Триесет и двегодишник бил тешко повреден од струен удар додека извршувал работни задачи во кумановската населба Карпош.
– На 03.05.2026 во 16:50 часот во СВР Куманово, лекар од Итна медицинска помош пријавил дека кај нив со повреди од струен удар бил донесен Б.К.(32) од Скопје, информираат од Секторот за внатрешни работи.
Според пријавеното, тој се здобил со повредите извршувајќи работни задачи во дворно место на улица „100“ во Куманово, сопственост на Д.Н. од Куманово.
– Од ударот Б.К. се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Увид извршила екипа од СВР Куманово, известен бил јавен обвинител и инспектор за безбедност и здравје при работа од Државен инспекторат за труд при Министерство за економија и труд, стои во соопштението.
Никола Ивановски

