Две лица од Куманово се меѓу седумте лица кои полицијата ги терети дека со меѓусебна тепачка го нарушиле јавниот ред и мир пред угостителски објект во Скопје.
– На 03.05.2026 во 01:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека пред угостителски објект на подрачјето на Центар во Скопје, бил нарушен јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка помеѓу Н.С.(18), Н.А.(19), А.С.(26), Е.С.(19), сите од Скопје, И.Г.(19) од с.Трновац, кратовско, Д.М.(22) од Куманово и М.С.(24) од с.Тромеѓа, кумановско, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Како што додаваат од полицијата, по целосно расчистување и документирање на случајот, ќе следуваат соодветни поднесоци.
Никола Ивановски

