77 годишен дедо прави неверојатни акробации: Но, во позадина е неговата тешка животна приказна (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Трогателно видео на кое се гледа како 77-годишниот Ричард Епштајн од државата Вашингтон грациозно прави бравадо на лизгалиштето, стана вирално и насмеа многу луѓе на социјалните мрежи.

Loading...

Сепак, судбината на овој навидум витален постар господин не е толку пријатна и сочувствителна како неговото лизгање.

Имено, неговата ќерка Ребека Бастијан објави видео од својот татко, како и тажна животна приказна дека се бори со четвртиот стадиум на рак на простата и дека сака да научи што подобро да лизга.

Бастијан истакна дека љубовта на нејзиниот татко кон спортовите на мраз се појавила пред неколку години кога почнал да лизга како хоби.

Со текот на времето стануваше се подобар и подобар, а потоа дозна дека има тешка болест, но не се откажа од соработката со професионален тренер.

Сега е доволно вешт да настапува и да танцува на мраз.

– Татко ми има 77 години и има рак на простата во четврта фаза. Тој одлучи да научи да лизга на мраз пред неколку години и токму оваа изведба што ја гледате ја направи со својата учителка. Пример за секој кој мисли дека е предоцна да проба нешто ново – изјавила Ребека.

Видеото за само неколку дена собра повеќе од 2,6 милиони прегледи, 15.000 споделувања и повеќе од 1,4 милиони „лајкови“.

Loading...

На Ричард Епштајн му беше дијагностициран рак на простата во стадиум IV во 2020 година, откако се бореше со хронична лимфоцитна леукемија (ХЛЛ) повеќе од две години.

Неговата ќерка изјавила дека била во солзи откако нејзината мајка и испратила видео од лизгање на мраз, кое се одржало викендов.

– Татко ми постојано има идеи за нешто ново што треба да го научи или проба и едноставно го прави тоа. Тој е многу посветен на учење нешто ново, не се грижи за никакви препреки и навистина му се восхитувам – изјави Ребека за Fox13.

Секогаш кога ќе покажела снимка од настапот на нејзиниот татко на сопругот или пријателите, вели таа, секогаш плачела.

Епштајн имаше многу успешна кариера како астрофизичар. Тој е заслужен за конструирањето на уред кој користи енергија од ветер без подвижни делови.

Тој е и авантурист кој се искачи на планината Рајнер на 60-годишна возраст.

 

Loading...