756 кривични дела во Куманово во првите шест месеци годинава

Сподели со своите пријатели

Во текот на првото полугодие од оваа година на подрачјето на Општина Куманово се сторени 756 кривични дела, покажа извештајот на Полициска станица од Општа надлежност Куманово на денешната седница на Советот.

Loading...

Во однос на истиот период лани кога биле сторени 686 кривични дела, постои зголемување на криминалитетот за 10,2 отсто, додека ефиканоста на работењето на полицијата е зголемено за 15,2 проценти.

Процентот на откриени кривични дела е значително висок и изнесува 69 отсто.

Како што презентираше командираот на Полициската станица Куманово, Игор Митевски во посочениот период има значително намалување на нарушувањата на јавниот ред и мир, за што според него најзаслужни се превентивните мерки кои се преземаат.

– Тука се гледа уделот на превенцијата, сме превенирале и дејствувале кон граѓаните нивната свест да се подобри за намалување на нарушувања на јавниот ред и мир, тоа го тежнееме и за патниот сообраќај, каде мора да констатираме дека сообраќајната култура ни е на ниско ниво, рече командирот Митевски.

На реакциите на советниците дека на дел од локациите во градот има најголем метеж во сообраќајот како населбата Средорек или влезот од населбата Перо Чичо, командирот истакна дека надлежноста за носење сообраќајни решенија сепак е во надлежност на општината.

– Полицијата презема се што е во нејзина моќ, како на тој потег, така и на Октомвриска револуција, интензивно последните месец и половина има зголемен број патроли и претежно се дејствува. Има одземено поголем број моторцикли, секој проблем кој ќе го лоцираме или ќе го потенцираат граѓаните или вие како советници преземаме се што е во наша моќ, додаде Митевски.

Зголемен е и процентот на откривање на економскиот криминал во градот од 15,2 отсто, од кој е причинета и најголема штета односно 59 милиони денари, од вкупно 80 милиони од сите откриени кривични дела. Откриени се и три случаи на бесправно градење.

Loading...

На крајот во своето излагање командираот Митевски посочи дека граѓаните на Општина Куманово треба и се чувствуваат безбедни.

Leave a Reply