75 санкции за брзо возење на автопатот Гевгелија – Куманово

Сподели со своите пријатели

Седумдесет и пет лица биле казнети вчера од сообраќајната полиција на автопатот Гевгелија – Куманово, кои се движеле со брзина над дозволената.

Loading...

– Во текот на вчерашниот ден (17.02.2021) Мобилната единица за безбедност во сообраќајот на патиштата спроведе зајакната акциска контрола за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената на автопатот Гевгелија – Куманово, при што санкционирани се 75 прекршоци. Од нив, 12 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со брзина над 70 километри на час повеќе од дозволеното, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Засилените акциски контроли, како што додава портпаролот на МВР, продолжуваат и во наредните денови.

– Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, вели тој.

 

Leave a Reply