71 кумановец казнети за неносење маска вчера

Сподели со своите пријатели

Вкупно 71 казна во Куманово напишала вчера полицијата по однос на законската обврска за задолжително носење заштитна маска.

Loading...

– Во текот на изминатото деноноќие според статистиката на МВР за периодот (27.01/28.01.2021, по однос на Уредбата за задолжително носење заштита на лицето, евидентирано е дека на ниво на Секторот за внатрешни работи Куманово 102 лица не ја почитувалe, информираат од кумановската полиција.

Од вкупниот број издадени прекршочни налози, најмногу се во Куманово 71, во Крива Паланка 17 и во Кратово 14.

За истите, како што појаснуваат од СВР Куманово, ќе следуваат соодветни мерки.

Никола Ивановски

Leave a Reply