659 казни за неносење маски, во изолација ставени над 300 граѓани

Сподели со своите пријатели

Во текот на изминатото деноноќие (19/20.06.2020 година) на територијата на Република Северна Македонија на 366 лица им се издадени решенија за изолација, а 261 лице потпишало изјава за самоизолација.

Loading...

Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што е утврдено дека едно лице не ја почитувало мерката за изолација, а три лица не ја почитувале мерката за самоизолација.

Исто така по однос на мерката за неносење лична заштита на лице регистрирани се 659 прекршоци, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Никола Ивановски

Leave a Reply